Со поимот деменција се опишуваат збир од знаци што се предизвикани од нарушувања што го засегаат мозокот. Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи. Функцијата на мозокот е доволно засегната за да влијае врз нормалниот општествен или работен живот на лицето.