Клиничката слика на Алцхајмеровата болест е како мозаик кој полека се
составува како одминува времето, а она што прво се забележува е заборавањето и тоа на
скорешни настани ( со кого се сретнале утрото, што појадувале..), неможноста да се
ориентираат во просторот ( во маалото, па дури и дома каде го поминале поголемиот дел
од животот), ставање на предмети на невообичаени места( пр.храна во плакар за облека),
отежнато пронаоѓање на соодветните зборови ( често користење на зборови како тоа, ова,
таму, кога не може да се пронајдат оние зборови кои се потребни за реченицата да има
смисол), потешкотии при донесување на одлуки и расудување, промени во
расположението, спиењето. На почетокот на болеста пациентите се свесни за она што им
се случува и може да постанат депресивни, апатични, да избегнуваат дружење и
социјализација. Последниот стадиум, стадиумот на деменција, минува низ три фази и тоа
лесна, умерена и тешка деменција, во текот на кои потребата од помош од блиските сѐ
повеќе се зголемува, а сѐ повеќе мозочни функции детериорираат, за да на крајот
пациентите завршат врзани за постела, без способност за извршување ниту на
најосновните функции како исхрана, зборување, контрола на сфинктери.