Активности
Покрај основните цели и задачи Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје ќе работи и ќе организира активности за:
-
Имплементација на меѓународни стандарди и едукација од областа на правата на лицата болни од Алцхајмерова болест содржани во меѓународните конвенции, билатерални и мултилатерални договори ратификувани од страна на РМ;
-
• одржување на обуки, работилници, тренинзи, семинари и едукација на граѓани, млади кадри, медиуми, приватен и јавен сектор, други НВО со слична програма на дејствување;
-
• дествување заради зајакнување на соработката на граѓанскиот и владиниот сектор во остварувањето на основните права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;
-
• истражување, превземање на активности и предлагање на мерки до надлежните органи, институции и стручни служби заради развој и унапредување на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;
-
• соработка и вмрежување со меѓународни организации и фондации со цел развој и унапредување на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;
-
• организирање на меѓународни акции и активности и соработка со домашни и странски здруженија на граѓани, асоцијации и фондации заради унапредување и развој на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства.