Среден

Клиничка слика : Клиничката слика на Алцхајмеровата болест е како мозаик кој полека се составува како одминува времето, а она што прво се забележува е заборавањето и тоа на скорешни настани ( со кого се сретнале утрото, што појадувале..), неможноста да се ориентираат во просторот ( во маалото, па дури и дома каде го поминале поголемиот дел од животот), ставање на предмети на невообичаени места( пр.храна во плакар за облека), отежнато пронаоѓање на соодветните зборови ( често користење на зборови како тоа, ова, таму, кога не може да се пронајдат оние зборови кои се потребни за реченицата да има смисол), потешкотии при донесување на одлуки и расудување, промени во расположението, спиењето. На почетокот на болеста пациентите се свесни за она што им се случува и може да постанат депресивни, апатични, да избегнуваат дружење и социјализација. Последниот стадиум, стадиумот на деменција, минува низ три фази и тоа лесна, умерена и тешка деменција, во текот на кои потребата од помош од блиските сѐ повеќе се зголемува, а сѐ повеќе мозочни функции детериорираат, за да на крајот пациентите завршат врзани за постела, без способност за извршување ниту на најосновните функции како исхрана, зборување, контрола на сфинктери.