Стратешки цели

Стратешки цели на Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје се:

Поттикнивање на развој и подобрување на постоечката грижа (медицинска, социјална , правна и др.) за лицата кои боледуваат од Алцхајмерова болест;

Основање на разни облици на помош и грижа за лицата со Алцхајмерова болест;

Унапредување и основање на вонинституционален облик на грижа на лицата со Алцхајмерова болест;

Помагање на лицата со Алцхајмерова болест во решавање на социјално-здравствената заштита, во остварување и користење на законските права преку организирање на советувалиште;

Помагање на членовите на семејствата на болните од Алцхајмерова болест во решавање на здравствени, социјални, правни и др.проблеми, како и остварување наслужбен статус на негувател;

Пружање на психо-социјална поддршка на семејствата на заболените;

Организирање на собири со професионални здравствени и социјални работници, членови на семејства на заболените, граѓани и јавност со цел информирање, подигнување на јавна и професионална свест, едуцирање и поттикнување на активности во корист на лицата со Алцхајмерова болест;

Едукација на членови на семејствата, професионални негуватели, медицински сестри и лекари, останати здравствени и социјални работници, студенти и ученици на сродни факултети и училишта;

Едукација на пошироката јавност како и на лекарите од примарна здравствена заштита со цел порано препознавање и откривање на Алцхајмерова болест во ран стадиум;

Сензибилизација на јавноста за проблемите на лицата заболени од Алцхајмерова болест и нивните негуватели;

Дестигматизација на лицата заболени од Алцхајмерова болест и други деменции;

Објавување и печатење на стручни трудови и едукативни материјали;

Ко-организација и учество во работата на стручни собири кои ги организираат други организации од областа на невронауката и менталното здравје;

Унапредување и промоција на здрави животни навики со цел здраво стареење;

Посредување во обезбедување на потребни реагенси, маркери и други лабораториски, технички и др.дијагностички алатки со цел унапредување на дијагностичкиот протокол за рана дијагноза на деменции;

Органицирање на стручни едукативни работилници, симпозиуми, конференции, конгреси;

Едукативна и апликативна дејност од областа на невронауката;

Обезбедување на правна помош на лицата заболени со Алцхајмерова болест, лица со други деменции и невродегенеративни болести, како и на членовите на нивните семејства;

Дел од предвидените цели, може да се имплементираат кај лица со други деменции и невродегенеративни болести.