Алцхајмеровата болест својот развој го започнува таивко, бавно и подмолно некаде 10 дo 20 години пред да се јават првите симптоми на болеста. Оттука, нејзината еволуција минува низ три стадиуми, предклинички стадиум (кога патолошките промени во мозокот се присутни, но болеста сеуште нема клиничка манифестација), стадиум на благо когнитивно растројство ( заборавеност за скорешни настани, имиња при запознавање, потешкотии при решавање на комплексни задачи, но сепак овие потешкотии не влијаат битно врз секојдневното функционирање, иако индивидуата и неговите блиски ги забележуваат) и стадум на деменција (кога секојдневното функционирање е засегнато).