Со поимот деменција се опишуваат збир од знаци што се предизвикани од нарушувања што го
засегаат мозокот.
Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат
секојдневните работи. Функцијата на мозокот е доволно засегната за да влијае врз нормалниот
општествен или работен живот на лицето. Обележје на деменцијата е неспособноста да се вршат
секојдневните активности како последица на намалените спознајни способности.
Лекарите утврдуваат постоење на деменција ако се значително оштетени две или повеќе
спознајни функции. Во спознајни функции спаѓаат помнењето, способноста за говор, разбирањето
на информациите, способноста за снаоѓање во просторот, расудувањето и сосредоточеноста. На
луѓето со деменција може да им биде тешко да решаваат проблеми и да си ги контролираат
чувствата. Тие исто така може да претрпат и промени во својата личност. Точните знаци што ги
има некое лице со деменција зависат од деловите на мозокот што се оштетени од болеста што ја
предизвикала деменцијата.
Кај многу видови на деменција, некои од нервните клетки во мозокот престануваат да
функционираат, ги губат врските со другите клетки и изумираат. Деменцијата обично се засилува
со текот на времето. Тоа значи дека постепено се шири низ мозокот и знаците што ги има лицето
со текот на времето стануваат полоши.
Кој добива деменција?
Деменцијата може да се појави кај секого, ама опасноста се зголемува со возраста. Повеќето луѓе
со деменција се постари, ама важно е да запомните дека повеќето постари луѓе не добиваат
деменција. Таа не е нормален составен дел од стареењето, туку е причинета од болест на
мозокот. Во ретки случаи деменција се јавува кај луѓе под 65-годишна возраст и тогаш се нарекува
„деменција што почнала на помлади години“.
Има неколку многу ретки форми на наследна деменција, при која се знае дека деменцијата е
причинета од специфична промена на гените. Меѓутоа, во повеќето случаи на деменција не
станува збор за такви гени, ама луѓето со семејна историја на заболување од деменција се
изложени на поголема опасност.
Изгледа дека некои чинители што се поврзани со здравјето и со начинот на живот исто така играат
улога во опасноста некое лице да заболи од деменција. Луѓето кај кои постојат чинители поврзани
со крвните садови, а што не се лекуваат, вклучувајќи ги лицата со високи крвен притисок, се
изложени на поголема опасност, како и оние што се помалку телесно и умствено активни.
Што предизвикува деменција?
Постојат многу различни болести што предизвикуваат деменција. Во повеќето случаи не е познато
зошто ова заболување се јавува кај луѓето. Некои од најчестите форми на деменција се: