Lewy body деменција (Lewy body disease) се одликува со присуство на Левиеви тела во мозокот. Левиеви тела се (абнормални) грутки од протеинот наречен алфа-синуклеин што се развиваат во внатрешноста на нервните клетки. Таквите (абнормални) појави се случуваат во специфични делови од мозокот и доведуваат до промени во движењето, размислувањето и однесувањето. Кај луѓето што имаат Lewy body може да се забележат големи и наизменични промени во способноста за сосредоточување и за размислување. Тие може во еден момент да се однесуваат и да функционираат речиси сосем нормално, а потоа за многу кусо време да станат сосем збунети и загубени. На луѓето со ова заболување исто така може честопати да им се привидуваат работи.