Најдоброто место за да ја почнете е кај лекарот на лицето. Откако ќе ги разгледа знаците и ќе порача проверки, лекарот може да понуди првична дијагноза и, што би било најдобро, да го упати лицето кај лекар специјалист, на пример невролог, специјалист за постари лица (геријатар) или психијатар.
Некои луѓе може да чувствуваат отпор кон помислата да појдат на лекар. Понекогаш луѓето не сфаќаат дека со нив нешто не е како што треба, бидејќи мозочните промени настанати поради деменцијата влијаат на способноста да се препознаат или оценат настанатите промени. Други, кои ја задржале способноста за согледување на својата состојба, може да бидат исплашени дека нивните стравови ќе бидат потврдени.
Еден од најдобрите начини да се надмине овој проблем е да се најде друга причина за да се појде на лекар. Можеби да препорачате проверка на крвниот притисок или повторно разгледување на некоја долгорочна здравствена состојба или на некој лек што се зема веќе долго време. Друг начин е да напоменете дека е време и вие и лицето да направите лекарски преглед. Спокојниот став во ова време може да помогне да се надминат загриженоста и стравовите на лицето. Ако лицето и понатаму не сака да појде на лекар. Разговарајте со лекарот на лицето за да ви даде совет