НА ДЕМЕНЦИЈАТА И ТРЕБАШ ТИ!

Важно е да зборуваме за деменција.

Важно е да имаме каде да се обратиме.

Важно е да се живее достоинствено со деменција.

Здраво стареење ДА, ДЕМЕНЦИЈА НЕ!


Деменцијата е епидемија на 21 век – секои 3 секунди во светот се дијагностицира нов случај на Алцхајмерова болест. Моментално има над 45 милиони заболени, а бројката се очекува да достигне 152 милиони до 2050 година. Болеста е четврта водечка причина за смртност, со повеќе жртви годишно отколку карциномите на дојка и простата заедно. Во Македонија се проценува дека има над 20.000 заболени над 65 години, од кои многумина никогаш не биле прегледани или третирани, а дел од нив престојуваат во домови за стари лица. Митот дека заборавањето е нормален дел од стареењето го одложува препознавањето и дијагнозата на болеста. Раното препознавање и навремена терапија се клучни за справување со оваа состојба.