Стратешки цели на Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје се:

Покрај основните цели и задачи Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје работи и организира активности за:

Имплементација на меѓународни стандарди и едукација од областа на правата на лицата болни од Алцхајмерова болест содржани во меѓународните конвенции, билатерални и мултилатерални договори ратификувани од страна на РСМ;

  • Одржување на обуки, работилници, тренинзи, семинари и едукација на граѓани, млади кадри, медиуми, приватен и јавен сектор, други НВО со слична програма на дејствување;

Дествување заради зајакнување на соработката на граѓанскиот и владиниот сектор во остварувањето на основните права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;

Истражување, превземање на активности и предлагање на мерки до надлежните органи, институции и стручни служби заради развој и унапредување на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;

Соработка и вмрежување со меѓународни организации и фондации со цел развој и унапредување на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства;

Организирање на меѓународни акции и активности и соработка со домашни и странски здруженија на граѓани, асоцијации и фондации заради унапредување и развој на права на лицата болни од Алцхајмерова болест и нивните семејства.