Грижете се за себе

  • – Ако кај вас се појави кој и да било од симптомите на вирусот SARS Cov2, како што се зголемена температура, кашлица, болка во грлото, замор и задишаност, јавете се кај вашиот
    лекар.
  • – Мијте ги редовно рацете во времетраење од најмалку 20 секунди користејќи сапун и вода. Ако немате пристап до вода, користете средство за дезинфекција направено врз база на алкохол.
  • – Кога кашлате или кивате, покријте си ги лицето и носот со лактот или со хартиено шамиче. Немојте да си ги покривате со дланките или со платнено шамиче. Хартиените шамичиња веднаш фрлајте ги во канта за ѓубре.
  • – Во текот на денот најдете време за да се занимавате со некои лесни вежби. Часовите за вежбање во заедницата се прекинати, ама сепак може да отидете на прошетка низ населбата или на YouTube да најдете некоја програма за вежбање што ви се допаѓа.

  • – Одржувајте го вашиот дом безбеден. Знаеме дека вирусот може да преживее извесно време,па дури и неколку дена на разни површини.

  • – Редовно чистете ги кваките на вратите, работните површини и други делови од вашиот дом што често ги допирате со раце.

  • – Редовно чистете го вашиот мобилен телефон со крпче натопено во алкохол, особено ако го користите телефонот кога сте надвор.

  • – Ако некој ви доаѓа дома, осигурете се дека веднаш штом ќе влезе кај вас да си ги измие рацете со вода и сапун.

  • – Избегнувајте да е движите меѓу други луѓе. Запомнете, ако сте постари од 65 години или ако боледувате од некоја хронична болест, мора да ги ограничите вашите контакти лице в лице со други луѓе.
  • –  Ако живеете сами, направете план како ќе пазарите, како ќе одите на закажани средби и како ќи ги вршите другите секојдневни обврски.

  • – Зборувајте со роднините, пријателите или соседите за тоа како би можеле тие да ви помогнат.
    Дали може да одат да ви испазарат и да го остават купеното пред вашата врата? Дали вашата
    локална бакалница, аптека или самопослуга врши достава на купените производи до дома?

  • – Останете во контакт дури и кога не се движиме меѓу други луѓе, сепак можеме да останиме во контакт со пријателите и роднините со помош на технологијата.

  • – Ако имате паметен телефон, можете да се гледате со соговорникот преку камера додека
    разговарате. Ако вашиот компјутер има камера, исто така можете да ги користите програмите
    Skype или Zoom за да разговарате со вашите најблиски.

  •  – Социјалните мрежи се добар начин за да разговарате со други луѓе што живеат со деменција ширум целиот свет.

  • –  До вашиот телефон држете список на луѓето со кои контактирате за да можете лесно да ги најдете.

  • – Размислете за тоа да одвоите редовно врееме во кое ќе им се јавувате на вашите пријатели и роднини. На Пример, јавувајте му се на вашиот пријател секој вторник попладне, или раскажете им на вашите внуци приказна со помош на програмата Skype. Можеби ви е тешко да побарате или да прифатите туѓа помош. Може чувствувате дека така нема да бидете самостојни. Меѓутоа, во ова време за секој човек е важно околу себе да има луѓе што можат да му помогнат ако има потреба. Може аа размислите за тоа да се зачлените во Здружение на луѓе со деменција. Здружението нуди групи за заемна поддршка за луѓето со деменција. Тие групи редовно се состануваат за да разговараат за своите искуства, за начините на кои се справуваат со Состојбата и за тоа како да се живее попозитивно со деменција. Тие исто така нудат можност за дружење еден со еден и за подучување од страна на друго лице.
    Како да се борите против здодевноста за да не ви биде денот едноличен, менувајте ги активностите на секој еден или два часа. Можеби ќе сакате да си го наместите алармот за да ве потсети.

  • – Појдете на прошетка надвор или поседете малку во градината. Читајте, слушајте музика, гледајте телевизија и филмови. Рачната работа, како што е плетење или редење сложувалки, е одлична за да го одржувате мозокот активен. Зошто да не се обидете да се занимавате со некоја уметност.