Здружението, како непрофитна и аполитична организација, своите цели ги насочува кон прашањата за:

  • Поттикнивање на развој и подобрување на постоечката грижа (медицинска, социјална , правна и др.) за лицата кои боледуваат од Алцхајмерова болест;

  • Основање на разни облици на помош и грижа за лицата со Алцхајмерова болест;

  • Унапредување и основање на вонинституционален облик на грижа на лицата со Алцхајмерова болест;

  • Помагање на лицата со Алцхајмерова болест во решавање на социјално-здравствената заштита, во остварување и користење на законските права преку организирање на советувалиште;

  • Помагање на членовите на семејствата на болните од Алцхајмерова болест во решавање на здравствени, социјални, правни и др.проблеми, како и остварување наслужбен статус на негувател;

  • Пружање на психо-социјална поддршка на семејствата на заболените;

  • Организирање на собири со професионални здравствени и социјални работници, членови на семејства на заболените, граѓани и јавност со цел информирање, подигнување на јавна и професионална свест, едуцирање и поттикнување на активности во корист на лицата со Алцхајмерова болест;

  • Едукација на членови на семејствата, професионални негуватели, медицински сестри и лекари, останати здравствени и социјални работници, студенти и ученици на сродни факултети и училишта;

  • Едукација на пошироката јавност како и на лекарите од примарна здравствена заштита со цел порано препознавање и откривање на Алцхајмерова болест во ран стадиум;

  • Сензибилизација на јавноста за проблемите на лицата заболени од Алцхајмерова болест и нивните негуватели;

  • Дестигматизација на лицата заболени од Алцхајмерова болест и други деменции;

  • Објавување и печатење на стручни трудови и едукативни материјали;

  • Ко-организација и учество во работата на стручни собири кои ги организираат други организации од областа на невронауката и менталното здравје;

  • Унапредување и промоција на здрави животни навики со цел здраво стареење;

  • Посредување во обезбедување на потребни реагенси, маркери и други лабораториски, технички и др.дијагностички алатки со цел унапредување на дијагностичкиот протокол за рана дијагноза на деменции;

  • Органицирање на стручни едукативни работилници, симпозиуми, конференции, конгреси;

  • Едукативна и апликативна дејност од областа на невронауката;

  • Обезбедување на правна помош на лицата заболени со Алцхајмерова болест, лица со други деменции и невродегенеративни болести, како и на членовите на нивните семејства;

  • Дел од предвидените цели , може да се имплементираат кај лица со други деменции и невродегенеративни болести.

Работа На Здружението

Работата на здружението е јавна.

Јавноста се обезбедува преку:

  • Запознавање и известување на членовите и јавноста преку интерни пишани информации, и информации преку дневен печат, радио и телевизија;

  • Достапност на извештаите и другите материјали од работата на Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје до членовите, другите заинтересирани лица;

  • Издавање на брошури и информативни материјали и други публикации;

  • Организирање на конференции за средствата за информирање;

  • Издавање на соопшенија за јавноста;

  • Непосредно настапување на овластените претставници на Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје пред средствата за јавно информирање; и

  • Својата ВЕБ страна.