НА ДЕМЕНЦИЈАТА И ТРЕБАШ ТИ!

Важно е да зборуваме за деменција.

Важно е да имаме каде да се обратиме.

Важно е да се живее достоинствено со деменција.

Покана за поднесување понуди

Проектот „Грижа за стари лица“ имплементиран од Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука (ИАН) Скопје ги поканува сите заинтересирани компании и поединци да достават понуди за Интегрирана грижа за деменција и услуги за градење капацитети.

Здраво стареење ДА, ДЕМЕНЦИЈА НЕ!

Алцхајмеровата болест е тивок крадец на спомените, но таа краде многу повеќе…краде се’ што сме научиле во животот, сите искуства, вештини…ги краде и блиските од семејствата, краде нечија мајка, татко , сопруга…тука се, ама како да не се. Но, има едно нешто што не успева до крај да го украде, а тоа се емоциите. Лицата со деменција чувствуваат љубов, тага, радост, среќа и тоа не смееме да го заборавиме. Тоа е нашата инспирација и за Алцхајмер матине и нашата визија за тоа како треба да живеат лицата со деменција. Во општество во кое се прифатени, а не осудени, отфрлени. Во средина во која наместо да се срамат, децата ќе излезат гордо со своите родители, кои иако забораваат, ќе уживаат во театарска претстава, ќе се смеат на есенското сонце покрај кејот на Вардар и ќе раскажуваат за нивната младост (па нека повторат и неколку пати), ќе танцуваат, зашто музиката ќе ги разбуди чекорите кои толку вешто ги изведувале на игранките во младоста. Следниот ден ќе заборават дека сте ги донеле на Алцхајмер матине, можеби нема да препознаат дека сте нивниот син/ќерка, зашто во нивниот свет имате само 7 години, но ќе имаат блага насмевка како трага од доживеаната среќа. Квалитетот на живот се мери со чувства, а не со меморија, тоа е во исто време најмногу и најмалку што можеме да сториме.