Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука – Северна Македонија е основан од Габриела Новотни, Владимир Кузмановски, Владимир Стојановски, Александра Тасевска и Антони Новотни во 2018 година и се приклучи на ADI Membership Development програмата во 2022 година. Тие учествуваа на меѓународниот час за деменција што резултираше со важни политики за управување со деменција и ги организираа првите Мемори кафе средби во земјата.
Запознајте го нашиот тим
Д-р. Габриела Новотни
Доц. Проф. Габриела Новотни е невролог кој работи на Универзитетската клиника за неврологија и Медицинскиот факултет при Универзитетот Св Kирил и Методиј. Д-р Новотни има докторат по неврологија со истражувачки интерес за ризик и прогностички фактори за Алцхајмерова болест со оригинален потпис на населението и географскиот регион, што би послужило како научна основа за создавање алатки за предвидување и скрининг, идентификација на поединци во ризик и развивање превентивни стратегии за деменција.


Д-р. Светлана Илоски
Клинички психолог и психотерапевт со долгогодишно работно искуство специјализиранa за психијатриски, невропсихијатриски и нарушувања поврзани со траума. Со експертиза за психолошки и невропсихолошки проценки, обезбедувам дијагностика и третман за поединци кои се соочуваат со психијатриски, невролошки и коморбидни состојби. Мојот пристап интегрира индивидуална и групна психотерапија за промовирање на менталната благосостојба, нагласувајќи ја превенцијата и третманот.
Д-р. Антони Новотни
Психијатар и академски истражувач приклучен на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Има дадено значаен придонес во областа на менталното здравје и психосоцијалното истражување. Тој е вклучен и во судска психијатрија, служејќи како претседавач со одделот за судска психијатрија на Светската психијатриска асоцијација. Од 1995–2005 година, проф. Новотни беше лидер на мултидисциплинарниот тим за унапредување на менталното здравје на децата и превенција од злоупотреба на деца во Македонија.


Д-р Александра Ангелова
Специјалист невролог која работи на Универзитетската Клиника за неврологија во Скопје, каде што ја заврши својата специјализација. Паралелно со клиничката работа, таа е асистент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што придонесува во образованието. Д-р Александра е и докторант на школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде има шанса да се занимава со научно истражувачка работа и покрај секојдневната работа со пациенти. Таа има активно учество на различни меѓународни работилници и конференции, вклучувајќи и неколку во областа на деменциите.
Д-р Ивана Јачева
Д-р Ивана Јачева е клинички невролог вработена при ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Виница, каде што посветено работи на унапредување на здравствената заштита на примарно и секундарно ниво. Нејзината работа не се ограничува само на дијагноза и третман; таа активно вложува во едукација и подигање на здравствената култура кај своите пациенти, а вклучително и нивните фамилии/негователи. Како член на повеќе стручни здруженија и организации, д-р Јачева постојано ги следи најновите научни достигнувања и трендови во неврологијата. Нејзиниот пристап е темелен и современ, интегрирајќи дијагностички методи и третмани засновани на принципите на медицина базирана на докази.


Марија Танеска
Дипломиран психолог и магистер на науки во областа на деменција. Нејзината истражувачка дејност е фокусирана на подобрување на квалитетот на живот на лицата со деменција и нивните семејства преку нефармаколошки, едукативни и психолошки пристапи. Специфичниот фоукс на нејзината работа е прилагодување на овие пристапи како би биле соодветни на културата и социјалното опкружување на лицата со деменција и нивните семејства во Македонија. Таа е член на тимот на Инстутот за Алцхајмерова Болест и Невронаука од 2020 и е активно вкучена во истражувачки проекти, едукативни настани и соработка со меѓународни здруженија како Alzheimer Europe и Alzheimer’s Disease International.
Андреа Ивановска
Докторанд на Универзитетот во Љубљана на програмата за психолошка статистика, ангажирана за истражувачка работа на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана. Заврши магистерски студии по психолошко истражување на Универзитетот во Единбург. Има искуство во спроведување истражувања и анализа на податоци во рамки на повеќе национални и меѓународни проекти, со особен фокус на невроразвојни и невродегенеративни состојби.

