ПОДОБРУВАЊЕ, РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ
Здружението се занимава со предлагање на идеи и проекти, со надеж за реализација, подобрување и унапредување на правата на лицата со Алцхајмерова болест, други деменции и невродегенеративни болести, како и на членовите на нивните семејства.
Мисијата на Здружение на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука Скопје е:
- Обезбедување на психо-социјална помош на членовите на семејствата на болните од Алцхајмерова болест – неформални негуватели.
- Едукација на сите лица кои се вклучени во грижата и негата на; ( на лицата со деменција).
- Едукација на професионални работници (лекари, психолози, социјални работници) вклучени во дијагноза, третман и нега на болните со деменции како и обезбедување правна помош на лица со деменции и членовите на нивните семејства.




