Алцхајмеровата болест
Алцхајмеровата болест (Alzheimer’s disease) е најчестата форма на деменција и се јавува во околу две третини од случаите. Таа предизвикува постепено опаѓање на спознајните способности, а обично започува со растројство во паметењето – лицето ја губи способноста да научи нови работи.
Симптомите на Алцхајмеровата болест се влошуваат со текот на времето, иако стапката со која болеста напредува варира. Во просек, лице со Алцхајмерова болест живее четири до осум години по дијагнозата, но може да живее и до 20 години, во зависност од други фактори.
Стадиуми на Алцхајмерова болест
Ран стадиум – Лесен степен на когнитивно оштетување Во раната фаза на Алцхајмеровата болест, едно лице може да функционира независно. Сè уште може да вози, да работи и да биде дел од социјални активности.Симптомите можеби не се широко очигледни во оваа фаза, но семејството и блиските пријатели може да забележат и лекарот ќе може да ги идентификува симптомите користејќи одредени дијагностички алатки.
Вообичаените тешкотии вклучуваат:
- Лицето обично се обидува да ги скрие или негира своите симптоми.
- Нарушување на паметењето (нарушена можност за учење нови информации или повторување на претходно научените информации).
- Нарушување на визуоспациелните перцепции, заради кои пациентот лесно се губи, особено во непозната средина.
- Се нарушува чувството за време.
- Пронаоѓањето на соодветни зборови е отежнато.
- Лицето може да биде не активно и повлечено.
- Понекогаш лицето е депресивено, параноидно или агресивено.
Во раната фаза, можно е луѓето со деменција да живеат добро со тоа што ќе ја преземат контролата врз нивното здравје и благосостојба и ќе ја фокусираат својата енергија на аспектите од нивниот живот кои се најзначајни за нив. Дополнително, ова е идеално време да се воспостават правни, финансиски планови и планови за крајот на животот, бидејќи лицето со деменција ќе може да учествува во одлучувањето.
Среден стадиум – типично најдолгиот стадиум и може да трае многу години. Како што болеста напредува, на лицето со Алцхајмерова болест ќе му треба поголемa грижа. За време на средната фаза на Алцхајмеровата болест, симптомите на деменција се поизразени. лицето може да ги збуни зборовите, да се фрустрира или лути и да дејствува на неочекувани начини, како што е одбивањето да се капи.
Вообичаените тешкотии вклучуваат:
- Увидот во сопствената болест е изгубен.
- Болниот се губи, дури и во домашната околина.
- Потребна е помош при изборот на соодветна облека за сезоната или приликата.
- Покажува зголемена тенденција да талка и да се изгуби.
- Неможност да се сети на информации за себе, како што се адреса или телефонски број.
- Губитокот на телесната тежина е неминовен, затоа е неопходно внимание на нутрициските потреби.
- Тешкотии во секојдневните активности/вештини (облекување, миење).
Во средната фаза, лицето кое живее со Алцхајмерова болест сè уште може да учествува во секојдневните активности со помош. Важно е да откриете што сè уште може да прави лицето или да најдете начини за поедноставување на задачите.
Напреден стадиум – Тежок степен на когнитивно оштетување. Поединците ја губат способноста да одговорат на нивната околина, да продолжат со разговор и, на крајот, да го контролираат движењето.
Вообичаените тешкотии вклучуваат:
- Можноста да го разбере туѓиот говор или да зборува е нарушена или наполно изгубена.
- Понекогаш може да се јават епилептични напади.
- Болниотне е веќе во состојба да се снајде во секојдневните активности (облекување, капење, одржување хигиена)
- Долните екстремитети се вкочануваат и одот е со влечење
