Кога првите знаци што се појавиле го засегаат движењето, најчесто се утврдува дека се работи за Паркинсонова болест. Како што се развива Паркинсоновата болест, кај повеќето луѓе ќе се јави деменција. Кога првите знаци што се појавиле ги засегаат спознајните способности, се утврдува дека постои деменција со Луи телца. 

Заболувањето со Луи телца (Lewy body disease) се одликува со присуство на Луи телца во мозокот, кои претставуваат ненормални грутки од протеинот наречен алфа-синуклеин што се развиваат во внатрешноста на нервните клетки. Таквите ненормални појави се случуваат во специфични делови од мозокот и доведуваат до промени во движењето, размислувањето и однесувањето. Кај луѓето со ова заболување може да се забележат големи и наизменични промени во способноста за сосредоточување и размислување – тие може во еден момент да функционираат речиси нормално, а потоа за многу кусо време да станат сосем збунети и загубени. Исто така, често може да им се привидуваат работи. Заболувањето со Луи телца има тесна поврзаност со Паркинсоновата болест.

Кога првите знаци што се појавуваат го засегаат движењето, најчесто се дијагностицира Паркинсонова болест, а како што таа напредува, кај повеќето луѓе се јавува и деменција. Од друга страна, ако првите знаци ги засегаат спознајните способности, тогаш се утврдува деменција со Луи телца. Ова заболување понекогаш се појавува заедно со Алцхајмеровата болест и/или со деменцијата на крвните садови. За повеќе информации, погледнете ги Листовите за помош насловени „Заболување со Луи телца“.