Изгледа дека некои чинители што се поврзани со здравјето и со начинот на живот исто така играат улога во опасноста некое лице да заболи од деменција. Луѓето кај кои постојат чинители поврзани со крвните садови, а што не се лекуваат, вклучувајќи ги лицата со високи крвен притисок,  се изложени на поголема опасност, како и оние што се помалку телесно и умствено активни.

Деменцијата може да се појави кај секого, ама опасноста се зголемува со возраста. Повеќето луѓе со деменција се постари, ама важно е да запомните дека повеќето постари луѓе не добиваат деменција. Таа не е нормален составен дел од стареењето, туку е причинета од болест на мозокот. Во ретки случаи деменција се јавува кај луѓе под 65-годишна возраст и тогаш се нарекува „деменција што почнала на помлади години“.

Има неколку многу ретки форми на наследна деменција, при која се знае дека деменцијата е причинета од специфична промена на гените. Меѓутоа, во повеќето случаи на деменција не станува збор за такви гени, ама луѓето со семејна историја на заболување од деменција се изложени на поголема опасност. 

Постојат многу различни болести што предизвикуваат деменција. Во повеќето случаи не е познато зошто ова заболување се јавува кај луѓето.

Некои од најчестите форми на деменција се:

Бидејќи болестите што предизвикуваат деменција се развиваат постепено, раните знаци може да бидат многу слаби и да не бидат веднаш очигледни. Раните знаци исто така зависат од видот на деменцијата и многу се разликуваат од едно до друго лице.

Најчестите рани знаци вклучуваат:

  • Проблеми со помнењето, особено со помнењето на настани што неодамна се случиле
  • Сè поголема збунетост
  • Намалена способност за сосредоточување
  • Промени на личноста или промени во однесувањето
  • Незаинтересираност и повлекување во себе или потиштеност
  • Губење на способноста за вршење на секојдневните работи